ВИДЕО: Луд меч на „Местаља“, два гола по 90. минута за полуфинале на Валенсија во Купот!

Фудбалерите на Валенсија обезбедија пласман во полуфиналето на „Копа дел Реј“, откако на „Местаља“ со два гола по 90. минута го совладаа Хетафе со потребните 3-1 (0-1). Првиот меч одигран во Мадрид заврши со победа на Хетафе од 1-0, а иако до пред крајот на мечот имаа активен резултат на крајот мадриѓаните беа елиминирани.

Мечот за гостите не можеше да започне подобро, Хорхе Молина по асистенцијата од Никола Максимовиќ уште во првата минута го матира домашниот голман (0-1). По примениот погодок „лилјаците“ тргнаа во офанзива, но обидите на Родриго и Парехо беа неуспешни. 

Иницијативата на Валенсија беше крунисана во 61. минута, откако Родриго ја искористи асистенцијата од Черишев и донесе израмнување на 1-1. Во 74. минута гостите останаа со човек помалку по исклучувањето на Даконам, Од тој момент Валенсија тргна во напад, а двата гола за потребната победа од 3-1 во 92. и 94. минута ги постигна Родриго и донесе огромна радост за домашните фанови.

Утре на прграмата се дуелите меѓу Бетис - Еспаљол и Барселона - Севиља, а последниот полуфиналист ќе биде познат во четврток по одигрувањето на мечот Џирона - Реал Мадрид.