ВИДЕО: Луд меч на „Марадона“ – Наполи и Елмас шокирани во 91. минута! 

Екипата на Наполи во незгоден момент забележа болен пораз во Серија А, откако пред својата публика прво се врати од два гола негатива, но на крај со гол во судиското продолжение остана без бод против Болоња, која што славеше со 2-3.

  • Извештај од натпреварот:

Двете екипи одиграа исклучително возбудливо прво полувреме, во кое беа постигнати три гола. Болоња одлично го отвори натпреварот и уште во десеттата минута стигна до водство преку Федерико Бернардески, кој прецизно ја заврши акцијата за молк на трибините на „Диего Армандо Марадона“. Гостите продолжија да притискаат и во 34. минута ја удвоија предноста, откако Рикардо Орсолини реализираше пенал досуден по ВАР-интервенција и прекршок на Џовани ди Лоренцо. 

Кога изгледаше дека Наполи ќе замине на пауза со два гола негатива, капитенот Џовани ди Лоренцо во судиското продолжение успеа да намали на 1-2 и ја врати надежта кај домаќините. Ланскиот шампион фуриозно го отвори вториот дел и по само три минути игра во продолжението Алисон Сантос израмни на 2-2. 

Тимот на Конте продолжи со исто темпо, но Болоња одлично се бранеше. Во самиот финиш шанса доби и македонскиот ас Ељиф Елмас, но ниту тој не успеа да ја пробие цврстата гостинска одбрана. Ако во првото полувреме судиското надополнување го искористи домашниот тим, во второто гостите го шокираа фаворитот и со голот на Роу за дома си заминаа со огромни три бода (2-3).