Луд интерес за билети: Милан сакаат да го гледаат 200.000 луѓе

Екипата на Милан овој викенд го игра можеби најважниот меч сезонава против Аталанта на домашен терен, а за натпреварот има неверојатно голем интерес.

Како што пишува „Газета дело спорт“, во клубот пристигнале 200.000 барања за билети за мечот на „Сан Сиро“. Сепак, стадионот нема да може да ги прими сите затоа што капацитетот е 80.018 места.

Милан во моментов е лидер во Серија А со два бода предност во однос на Интер, а за шампионскиот трон потребни му се четири бода во последните две кола.

Во последното коло од Серија А, „росонерите“ ќе гостуваат кај Сасуоло. Милан последната титула ја освои во 2011 година.