• Мартин Танасковски

Хамбургер доживеа висок пораз од Динамо Дрезден во Купот на Германија (1-4), а по дуелот, еден од играчите на гостите ги загуби нервите и понесен од емоциите од поразот направи глупав потег.
Дефанзивецот на Хамбургер, Тони Лајстнер, ги загуби нерввите и влезе на трибините за да се тепа со навивач. Приврзаникот на Динамо Дрезден го провоцирал цела средба, па тој реши да ја земе работата во свои раце. Влезе на трибина и го оттурна, а за среќа реагираа редарите за да се избегне поголем инцидент.
- Моментот на инцидентот во Дрезден:
Hamburg defender Toni Leistner breaks from an interview following their 4-1 defeat at Dynamo Dresden to confront an opposing fan.pic.twitter.com/mDILuPz2uu
— Get German Football News (@GGFN_) September 14, 2020
Лајстнер инаку е роден во Дрезден, а Динамо е негов поранешен тим. По инцидентот тој им се извини на сите и кажа дека неговото однесување било недолично и дека тој како професионален спортист требало да биде пример за сите, но посочи дека навивачот претерал со „ударите под појас“ и со навредите за неговите мајка, сопруга и ќерка.