ВИДЕО: Луд гол на Тамари, ама Лион го доби дербито со Рен и се искачи во зоната за ЛШ 

Фудбалерите на Лион го добија можеби најважниот овосезонски натпревар во Лига 1, затоа што со триумфот над Рен од 4-2 (2-1) се искачија на третата позиција на табелата и сега се во зоната за пласман во Лигата на шампионите.

  • Лион - Рен 4-2:

Дербито за Лигата на шампионите започна со спектакуларен погодок на гостите. Се играше шестата минута кога Тамари од тешка позиција со супер-волеј ја затресе домашната мрежа. Сепак, до крајот на полувремето Лион успеа да направи пресврт и да го преземе водството. Јаремчук израмни на 1-1, а Толисо од пенал донесе нова радост на трибините.

Само што започна вториот дел Рен ја врати неизвесноста на дербито и Лапаул стрелаше за 2-2. Сепак, веќе во следниот напад Лион одново поведе. Автор на третиот гол на домаќините беше Мореира, додека точка на натпреварот стави Ендрик во 75 минута (4-2).

  • Лил - Авр 1-1:

На останатите натпревари од денешната програма во Лига 1, екипата на Тулуз го совлада Стразбур на гости со 1-2, Париз пред својата публика беше убедлив против Брест (4-0), додека Оксер со 3-1 славеше над Анжер.