ВИДЕО: Луд финиш во Париз, ПСЖ во 95. минута го доби Сент-Етјен

Фудбалерите на ПСЖ ја добија доцната драма со Сент-Етјен со 3-2 (0-0), со што одржа чекор со Лил на врвот во француската Лига 1. Иако немаше погодоци до 78. минута, екипите „се разбудија“ и успеаја да понудат вистински спектакл во финишот кога паднаа пет погодоци. 

  • Извештај од натпреварот: 

Иако Мбапе, Сарабија и Данило не успеаја да реализираат во првиот дел, а поништен беше и голот на Казри поради офсајд, екипите се оддолжија во продолжението. 

Резултатот на „Паркот на принцовите“ го отвори Денис Буанга во 78. минута по добар центаршут (0-1). Сепак, веќе во наредната акција Мбапе успеа да донесе израмнување на 1-1. Младиот Французин беше творец и на пресвртот, бидејќи во 87. минута ПСЖ доби пенал, а тој сигурно реализира за предност од 2-1. 

Но, драмата тукушто започна, бидејќи Роман Хамума успеа да реализира во втората минута од продолжението и донесе израмнување на 2-2. ПСЖ пак возврати со иницијатива, а истата ја круниса Мауро Икарди со гол со глава во 95. минута од натпреварот, за конечни 3-2 и победа на домаќинот. ПСЖ сега е на само бод до лидерот Лил на пет кола до крајот на Лига 1.