ВИДЕО: Луд финиш во Лондон, Пепе со две мајстории од слободен го спаси Арсенал

Екипата на Арсенал забележа нова победа во Лигата на Европа и останува на врвот во групата, затоа што во луд натпревар, славеше над португалски Гимараеш (3-2) во рамки на третото коло од групната фаза.

Арсенал беше во негатива, се до последните десет минути кога на сцена стапи Николас Пепе и даде два гола во мрежата на гостинот кој важеше за аутсајдер на хартија. Со овие три бода „топџиите“ остануваат лидери и се главни фаворити за освојување на првото место во групата.

Гимараеш приреди шок за домаќините во 9. минута, кога погоди Едвардс, а откако во 32. минута изедначи Мартинели, гостинот од Португалија ја врати предноста со погодок во 37. минута кој го постигна Дуарте.

Португалците имаа предност на паузата и вешто се бранеа, се до последните десет минути, кога двапати погоди Пепе. Французинот првиот гол го даде во 80. минута, додека победничкиот пристигна во 93. минута. Интересно и двата беа од слободен удар и тоа на мајсторски начин. Посебна убавина имаше вториот гол.

На вториот меч во групата, Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен беше подобар од Стандард (2-1). Во групата „Д“, Спортинг со минималец го совлада Розенборг (1-0), а ПСВ - ЛАСК заврши без голови. Во групата „Е“, Селтик со пресврт го совлада Лацио (2-1), додека Клуж славеше кај Рен (0-1).