• Горан Упале
Пари Сен Жермен беше на чекор до првиот пораз во новата сезона, но европскиот шампион направи неверојатен камбек во самиот финиш и освои бод на гостувањето кај Лил (2-2).
- Извештај од натпреварот:
Домаќинот поведе во 21. минута, кога Хакон Харалдсон погоди за 1-0. Лил долго ја чуваше предноста, а во 84. минута Дилан Баква зголеми на 2-0 и се чинеше дека тимот од Лил е на пат кон голема победа.
Но, ПСЖ не се предаде. Само неколку минути подоцна Витиња намали на 2-1 во 91. минута, а драмата достигна кулминација во петтата минута од судиското продолжение. Тогаш Маркињос погоди за 2-2 и на европскиот шампион му обезбеди неверојатен бод.
По две кола во Лига 1 шампионот има две нерешени средби, откако и на стартот одигра 2-2 против Рен. Лил, пак, по победата над Анже во првото коло, сега освои бод против актуелниот француски и европски шампион.







