ВИДЕО: Луд финиш во Бразил, милиметарски офсајд во 97. минута ја одлучи шампионската трка

Интернасионал

Интернасионал чека 42 години на титула во бразилскиот шампионат. Многу блиску до прекин на постот беше вчера, но шокантно го испушти трофејот длабоко во надополнувањето од мечот против Коринтијанс.

Дуелот заврши без голови, а домашните фудбалери постигнаа погодок за големо славје во 97. минута. Меѓутоа судијата поради милиметарски офсајд трет пат поништи погодок во гостинската мрежа.

Овој резултат го израдува Фламенго кој и покрај поразот од Сао Пауло го освои толку посакуваниот трофеј.

Сите играчи на Интернасионал не можеа да поверуваат што им се случи, па паднаа на тревникот и започнаа да плачат.