• Сашо Поповски
Специјалистот за реми средби оваа сезона Анжер не издржа до крај и запиша домашен пораз од Ница (1-2) во рамки од 12. коло од Лига 1. Кристоф Галтие целосно го препороди тимот од Азурниот брег, откако го презеде тренерското место од Патрик Виеира.
- Извештај од натпреварот:
Гостите во надополнувањето се изборија за два бода плус и тоа беше сосема заслужено, според прикажаното на теренот. Нивната доминација им донесе доцен погодок, што беше потврда на пресвртот во 91. минута. По почетното испитување на силите, следуваше најстрога казна за домаќинот по половина час игра. Јусеф Атал направи невнимателен старт, кој во погодок го претвори Софиан Буфал.
Вториот дел целосно ѝ припадна на Ница. Гостинот притисна и доби награда, кога Енди Делор од далечина израмни во 57. минута. До крајот чисти шанси промашија Лукас да Куња и Алексис Клод-Морис, а херој стана Делор, кој предизвика делириум на својата клупа, по реализацијата во последните минути од мечот.
Ница се одлепи од Ленс и сега сама стои на втората позиција на табелата, а Анжер продолжи со променлива форма, која ѝ донесе пад на осмото место.