• Саше Љолес
Екипите на Фрајбург и Баер Леверкузен одиграа прекрасен и ефикасен натпревар во 25. бундеслигашко коло, на крајот ремизирајќи со конечни 3-3 (2-2).
- Фрајбург - Баер Леверкузен 3-3:
Се чини дека ремито е реален исход од мечот, иако Фрајбург во финишот имаше и шанса да го освои целиот плен, но мораше да се задоволи само со еден освоен бод. Грифо, Сузуки и Гинтер стрелаа за домаќинот, а кај „фармацевтите“ погодуваа Кофане, Грималдо и Терие.
Двете екипи остануваат во горниот дел од табелата. Фрајбург е на осмата позиција со 34 бодови, додека Баер Леверкузен е шестопласиран со десет бода повеќе од денешниот ривал.
- Хајденхајм - Хофенхајм 2-4:
- РБ Лајпциг - Аугсбург 2-1:
Хофенхајм продолжува со добрите игри и славеше со убедливи 2-4 на гостувањето кај Хајденхајм, а екипата на РБ Лајпциг извојува победа над Аугзбург со конечни 2-1. „Биковите“ успеаја да впишат триумф откако гостите си постигнаа автогол во судиското надополнување од натпреварот.
- Мајнц 05 - Штутгарт 2-2:
Мајнц 05 и Штутгарт ги поделија бодовите во ремито со конечни 2-2, додека тимот на Хамбургер успеа да слави гостинска победа кај Волфсбург (1-2).
- Волфсбург - Хамбургер 1-2:
Баерн Минхен останува лидер на табелата со 66 бодови и сигурно чекори кон нова шампионска титула.










