ВИДЕО: Луцидниот удар на Модриќ доволен за триумф на Реал над Севиља

Екипата на Реал Мадрид потешко од очекувањата извојува триумф над Севиља и славеше со минимални 1-0 (0-0) во 26. коло од шпанската Примера. „Кралевите“ долго се мачеа против мотивираниот тим од Андалузија, но на крајот успеаја да ги израдуваат фановите на „Сантиаго Бернабеу“. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првото полувреме не понуди премногу возбудувања, иако Реал имаше еден поништен гол во 10. минута. Лукас Васкез ја начна гостинската мрежа, но погодокот беше поништен поради прекршок. На паузата останаа почетните 0-0, а во вториот дел момчињата на Карло Анчелоти заиграа подобро во офанзивата, но долго не успеваа да ја скршат гостинската одбрана. 

Италијанскиот стратег се одлучи за поофанзивна формација во завршните 15 минути, во игра во внесе и ветеранот Лука Модриќ, кој одговори на маестрален начин и го отвори резултатот во 81. минута со прекрасен удар од осумнаесетина метри. Реал продолжи со налетот и имаше уште 2-3 добри прилики преку Васкез и Винициус Жуниор, но резултатот до крајот остана непроменет и мадриѓаните триумфираа со конечни 1-0. 

Севиља останува на петнаесеттото место со 24 освоени бодови, додека Реал Мадрид стигна до 65. бод сезонава и сега има предност од осум бодови пред Барселона и девет повеќе од Џирона, која има и меч помалку. 

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Francisco Javier Garcia Pimienta

    4-4-2