ВИДЕО: Луцидниот гол на Малиновски измами аплауз и од гостинските фанови!

Украинецот Руслан Малиновски уште еднаш го покажа својот раскошен фудбалски талент, откако постигна прекрасен погодок на натпреварот помеѓу Џенова и Сасуоло во Серија А

Домашниот тим дојде до важна победа во борбата за потврда на елитниот статус (2-1), а украинскиот репрезентативец биеше прекрасно со левата нога од над 20 метри, носејќи водство од 1-0 во 18. минута од натпреварот. 

Голот на Малиновски за 1-0: 

Џенова, или најстариот клуб во Италија, на крајот се избори за триумф со конечни 2-1 и стигна до 36 бодови, девет повеќе од Лече, кој е прв тим во опасната зона.