Луческу загуби дерби и одлучи да ја заврши кариерата, украинска легенда на негово место

Поранешниот освојувач на европските клупски натпреварувања, киевски Динамо се соочува со голема криза. Во саботата, по поразот на Динамо Киев од Шахтјор со резултат 0-1, 78-годишниот Мирчеа Луческу објави дека го напушта Динамо Киев и ја завршува тренерската кариера.

Легендарниот голман Александар Шовковски привремено ќе биде тренер на Динамо Киев, по заминувањето на романскиот стручњак. 

48-годишниот Шовковски беше дел од стручниот штаб на Луческу и негов прв помошник. Кога Мирчеа Луческу извесно време беше на боледување поради здравствени причини минатата година, Александар Шовковски беше тренер на тимот. Емил Карас, Олег Гусев и Михаил Михаилов ќе продолжат да работат во стручниот штаб на Шовковски.