Луческу: Нема да го напуштам Киев, не сум кукавица

Украинската влада потврди дека фудбалското првенство во земјата ќе биде паузирано. Поради тоа, клубовите ќе добијат барем триесет дена одмор со надеж дека кризата и нападот од Русија ќе се реши брзо и помалку болно. 

Легендарниот романски стручњак Мирчеа Луческу е предводник на Динамо Киев и престојува во еден од нападнатите градови, но тој најави дека нема да си оди од земјата. 

„Нема да го напуштам Киев за да се вратам во Романија. Не сум кукавица. Се надевам дека големите луѓе без мозок ќе ја запрат војната. Никогаш не помислив дека вакво нешто е можно“, изјави Луческу. 

Ситуацијата на Луческу е иникатна бидејќи претходно престојуваше во зоната Донбас во 2014 година кога започна граѓанската војма како тренер на Шахтјор. 

Во Украина настапува и македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков за екипата на Ворскла.