• Иван Димовски
Познатиот романски тренер Мирчеа Луческу е назначен за нов тренер на Динамо Киев, со што ги налути фановите на големиот ривал Шахтјор. Тој потпиша договор со клубот на две сезони и ќе заработува три милиони годишно, а има и опција за дополнителна сезона.
74-годишникот се прослави на клупата во клубот од Доњетск, каде остана 12 години и разбирливо е зошто ова фановите ќе го сметаат како предавство. Луческу со Шахтјор доминираше во Украина, освојувајќи дури осум титули национален првак, шест Куп-трофеи, седум Суперкупови, а најголем успех е освојувањето на титулата во УЕФА Купот во сезоната 2008/09.
Покрај украинските екипи, Луческу во својата четири децениска кариера ги водеше и Корвиул, селекцијата на Романија, Динамо Букурешт, Пиза, Бреша, Реџиана, Рапид Букурешт, Интер, Галатасарај, Бешикташ, Зенит и репрезентацијата на Турција.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.