Луческу е икона во Романијa: Нов стадион во Букурешт ќе го носи неговото име

Новиот стадион на Динамо Букурешт ќе го носи името на Мирчеа Луческу, славниот романски тренер, кој почина на 80-годишна возраст. 

Веста за одлуката прв ја соопшти привремениот премиер на државата, Каталин Предоју, кој изјави дека со овој потег се искажува огромна почит и чест за легендарниот фудбалски работник. 

Полното име на стадионот ќе биде „Динамо Мирчеа Луческу“, а ќе биде изграден на местото на старата арена. Свеченото отворање треба да се одржи за две до три години. Капацитетот на објектот ќе изнесувуа 25,059 седишта. 

Се предвидува повеќенаменски спортски комплекс, со голем избор на занимливости за посетителите, вклучително и музејски простории каде ќе бидат опфатени историските успеси на клубот и на романскиот фудбал.