ЛШ ждрепка: Ајакс налета на Јуве, Јунајтед против Барселона, Ливерпул го доби Порто!

По пауза од десет години, Англија повторно ќе има четири претставници во четвртфиналето на Лигата шампионите. Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем, ќе им прават друштво на Порто, Јувентус, Барселона и Ајакс во борбата за најдобрите четири во елитата на европскиот фудбал. 

Ждрепката посака сензацијата Ајакс во четвртфиналето да се судри со Јувентус, кој го елиминира Атлетико Мадрид. Ливерпул ќе игра против Порто, Тотенхем ќе се соочи со Манчестер Сити, додека Барселона ќе игра против Манчестер Јунајтед.

Четвртфинални парови сезона 2018/19:

  • 1 Ајакс - Јувентус
  • 2 Ливерпул - Порто
  • 3 Тотенхем - Манчестер Сити
  • 4 Барселона - Манчестер Јунајтед

Првите четвртфинални средби се закажани за на 9 и 10 април, додека реванш средбите на 16 и 17 април. 

  • Патот до Мадрид: 

9/10 април: први четвртфинални средби
16/17 април: четвртфинални реванши
30 април/ 1 мај: први полуфинални средби
7/8 мај: полуфинални реваши
Сабота 1 јуни: Финале - „Ванда Метрополитано“ Мадрид

  • Од осумте четвртфиналисти најуспешни во ова натпреварување се Барселона и Ливерпул со по пет титули, додека за „долгоушкото“ сè уште сонуваат Тотенхем и Манчестер Сити.

  • Погледнете ја атмосферата од денешната ждрепка во Нион: