ЛШ: Шампионот со мега-дерби во Париз, Ливерпул на тест против најтрофејниот!

Во следните два дена ќе се игра четвртото коло од Лигата на шампионите. Бранителот на титулата, францускиот ПСЖ, ќе игра против Баерн Минхен во Париз, меч кој е окарактеризиран како едно од двете дербија на оваа рунда. 

Вториот најважен натпревар во ова коло е оној меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, каде екипата на Арне Слот ќе се обиде да излезе од големата криза со евентуален добар резултат против „кралевите“ од Шпанија

Манчестер Сити в среда ја пречекува Борусија од Дортмунд, додека италијанскиот Интер ќе биде огромен фаворит на домашен терен против Каират Алмати

ПСЖ, Баерн Минхен, Интер, Реал Мадрид и Арсенал се екипите кои имаат максимален ефект по три одиграни кола, а вреди да се истакнат одбраните на „нероаѕурите“ и „топчиите“, кои досега не примија ниту еден гол. 

Арсенал ќе гостува кај незгодната Славија Прага, но во секој случај, навивачите ќе очекуваат уште една победа во елитното натпреварување.