ЛШ плеј-оф: Серафимов го чекаат Грци, Динамо со Викинг, Звезда мина добро!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги извлече потенцијалните парови за плеј-офот во Лигата на шампионите, последното скалило пред групната фаза на елитата.

Македонија може да има еден репрезент во последната фаза за место во елитата, тоа е Никола Серафимов со Левски Софија. Доколку ја мине првата пречка, бугарскиот првак ќе игра со АЕК Атина од Грција.

  • Парови за плеј-офот во ЛШ:

Левски / Каират - АЕК Атина
Селтик - ЛАСК
Динамо / Жалгирис - Викинг
Мјелби / Слован - Арарат / Целје
Хапоел / Ц. Звезда - Архус / Сабах
Фенербахче / Штурм - Спарта Прага / Лион
Олимпијакос / НЕЦ - Унион СЖ / Бодо Глимт

Првите натпревари ќе се играат на 18/19 август, додека реваншите се на 25/26 август. Победниците одат во групата на ЛШ, поразените одат во Лига Европа.