ЛШ ОСМИНАФИНАЛЕ: Рома игра против традицијата, Шахтјор се надева на успехот од пред седум години

Рома и Шахтјор

Во Рим ќе се одигра вториот осминафинален реванш вечерва, во кој Рома ќе ја пречека екипата на Шахтјор, со надеж дека ќе ја анулира негативата од 2-1 по првиот меч во Украина. Фереира и Фред се погрижија да обезбедат минимална предност за својот тим, кој ќе има тешка задача да се одбрани во пеколната атмосфера на „Олимпико“.

Тренерот на италијанската екипа, Еузебио ди Франческо, изјави дека не е загрижен премногу за негативата и најави офанзивна формација во потрага по првата победа против украинскиот прволигаш на последните пет меча. Традицијата е против Рома, која заработи елиминација на секој двобој на кој го загуби првиот натпревар.

Шахтјор, од друга страна, се надева на прво четвртфинале по сезоната 2010/11, кога со вкупен резултат од 6-2 ја елиминира токму „римската волчица“. 12 од 23 тима обезбедувале пласман меѓу најдобрите осум, откако го загубиле првиот меч со 2-1, па тоа би можело да биде мала утеха за домашната екипа на денешниот дуел. 

Грегори Дефрел има мали шанси повторно да се врати на теренот по повредата, која го натера да паузира во последниот месец. Дефанзивецот Рик Карсдорп сигурно нема да се појави поради тешката повреда и се очекува да започне со тренинзи наредниот месец. Кај Украинците нема забележително отсуство, а добра вест би била заздравувањето на Сергиј Кривцов, кој мораше да биде заменет на првиот натпревар пред две недели.

Един Џеко би можел да биде клучот за успех на калчолигашот, но тука е и добриот баланс во дефанзивата кој би требало да одигра на потребното ниво. Не е тајна дека нападот на Шахтјор е неговото најсилно оружје, па контра нападите ќе бидат и тоа како опасни по голот на Алисон.

ОЧЕКУВАН РЕЗУЛТАТ: Рома - Шахтјор 1-0