ЛШ осминафинале: ПСЖ може на Сити, Реал, Баерн, Челзи...!

По комплетирањето на групната фаза, познати се шеширите за ждрепката за осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони.

Сензацијата на вечерта ја приреди Бенфика која му даде шест гола на Макаби Хаифа и така заврши на првата позиција, а ПСЖ падна на второто место. Овој епилог може да ни донесе супер-дерби затоа што дел од моќниците завршија како лидери во групите.

ШЕШИР 1: Наполи, Порто, Баерн Минхен, Тотенхем, Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Бенфика

ШЕШИР 2: Ливерпул, Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт Франкфурт, Милан, РБ Лајпциг, Борусија Дортмунд, ПСЖ

Ждрепката за осминафиналето е закажана во понеделник од 12:00 часот во Нион. При влечењето не може да играат екипите кои претходно беа во иста група, како и тимови од иста земја.

Победниците во групите ќе бидат гости на првата средба. Првите натпревари ќе се играат на 14/15 и 21/22 февруари, додека реваншите се на 7/8 и 14/15 март.