ЛШ четвртфинале: Реприза на ланското финале, Ливерпул налета на Сити!

Три шпански, две англиски и италијански и една германска екипа ќе се борат за овосезонскиот трофеј на Лигата на шампионите, кој веќе две години ги краси витрините на Реал Мадрид. 

Денешната ждрапка во седиштето на УЕФА во Нион ни донесе неколку возбудливи четвртфинални натпревари. Петкратниот шампион Барса ќе се судри со Рома, Баерн Минхен налета на Севиља, додека најинтересни ќе бидат натпреварите меѓу Јувентус и Реал Мадрид и англиските гиганти Манчестер Сити и Ливерпул. 

Четвтфинале: 

Барселона – Рома

Севиља – Баерн Минхен 

Јувентус – Реал Мадрид 

Ливерпул – Манчестер Сити

Првите натпревари ќе се одиграат на 3 и 4 април, додека реванш средбите се закажани за 10 и 11 април.  Финалето ќе се одигра на 26 мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев.