Ложата на „Рајко Митиќ“ одново на тапет: Пцовки и навреди за темпераментниот Роналдо (ВИДЕО)

Роналдо Белград

Кристијано Роналдо е човекот за кого зборува цела Европа. Португалецот реагираше темпераментно на гостувањето кај Србија, кога според него не му беше признат погодок за победа во надополнувањето од натпреварот.

Ваквата реакција на капитенот на португалската репрезентација не чуди. Тој и во минатото знаел да направи вакви испади, по кои добивал големи критики од јавноста.

Така е и сега, со оглед на медиумската покриеност на овој полемичен момент од Белград. На излегување Роналдо ја фрли капитенската лента во незадоволство, а се појави видео кое покажува какви зборови беа упатени кон него од ложата на стадионот „Рајко Митиќ“.

Ваквото однесување на овој стадион не е новост. Пред одреден период слично беше нападнат Златан Ибрахимовиќ, кога со Милан гостуваше кај Црвена Звезда во Лига Европа.

Роналдо би можел да заработи и казна поради неговата реакција, за што ќе се одлучува во наредните неколку дена.