• Мартин Танасковски
Екипата на Лозана во 16. минута од мечот дојде до предност во мечот со Вардар (1-0) и така ја анулира негативата од мечот во Скопје.
Швајцарците по прекин дојдоа до гол. По еден корнер, најдобро во шеснааесетникот се снајде Ное Дуисен, кој ја смести топкатаа зад грбот на голманот Давор Талески.
- Голот за 1-0:
Веднаш во следната акција Вардар имаше шанса да израмни, но голманот Карло Летица го спаси тимот по шутевите на Роџерс Мато и Азер Омерагиќ.
- Промашувањето за израмнување:
Лозана има голема поддршка од трибините и тоа е мотив плус за фудбалерите да се покажат во подобро светло.
ФОТО: FC Lausanne-Sport / Facebook











