• Мартин Танасковски
Вардар гостува кај Лозана во Конференциската лига на УЕФА, а стадионот „Стад Де Ла Тулиер“ е речиси полн и околу 9.000 гледачи го следат мечот.
На една од трибините зад голот се и главните навивачи на Лозана. Иако се работи за гратче со нешто помалку од 140.000 жители според последниот попис, сепак, се живее за фудбалот и се сака клубот.
Доказ за тоа е кореографијата која навивачите ја направија пред самиот старт на дуелот со Вардар, на кој Лозана брка негатива.



