Ловрен пак се мајтапи со Салах: „Мо го нема, добредојде Хамед Марус Гали“

Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул, реши да направи промена на имиџот и да ја избричи брадата, со што ги изненади сите, па дури и своите соиграчи.

Прв кој фати сеир на промената на имиџот на Египќанецот е хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен. Прво, тој на „Инстаграм“ му коментира дека конечно личи на 26-годишен, па потоа објави фотографија со него и напиша

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Mo is gone, so I have a new friend...Welcome Hamed Mahrous Ghaly I like it Thoughts?

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06) on

„Мо го нема, ова е мојот нов пријател. Добредојде Хамед Марус Гали. Навистина ми се допаѓа. Мислења?“.

Двајцата фудбалери се блиски пријатели во Ливерпул, а со своите шеги, често ја креваат и атмосферата во соблекувалната на тимот на Јирген Клоп.