Ловрен на чекор да го засили италијански Милан 

На повидок е ново заминување од новиот освојувач на Лигата на шампионите, Ливерпул. Како што откриваат британските и хрватските медиуми, Дејан Ловрен е сè поизвесно дека ќе ги напушти „црвените“ и својата кариера ќе ја продолжи во Италија

За најсериозен кандидат се споменува тимот на Милан, кој од вчера доби нов спортски директор, сонародникот на Ловрен, Звонимир Бобан. 

„Како што откриваат нашите избори во текот на овие денови има интензивни средби меѓу Милан и агентот на Ловрен. Хрватскиот дефанзивец е голема желба за миланезите и шансите се големи тој да се пресели на „Сан Сиро“, пишува „Милан Њуз“.

Најверојатно овој трансфер ќе го чини Милан 25 до 30 милиони евра, а Ловрен ќе потпиша тригодишен договор. Претходно, Ливерпул откри дека нема да ги продолжи договорите со Стариџ и Морено.