Ловрен: Ќе ни требаат 20 години да се свестиме, сонувам таа КАНТА да ја донесеме во Загреб

Поранешниот селектор Анте Чачиќ не го повика на Дејан Ловрен во селекцијата која играше на Европското првенство пред две години, но дефанзивецот на Ливерпул одигра феноменалено полуфинале на Мундијалот и се надоврза на претходните пет одлични натпревари во Русија.

Ловрен по натпреварот во микс-зоната беше преполн со емоции и во прегратка на Вида ги искажа првите емоции.   

„Ќе ни требаат 20 години да се свестиме што направивме. Драго ми е што ова го направиме за нашата земја. Сите споредби со „златната генерација“ ги фрливме во вода. Англичаните и пред полуфуналето нè омаловажуваа, како што ме третираа во Англија, јас сум победник вечерва. Ние сме сега најдобрите, а тие се сребрени. Нека бидат шоковите и в недела, само таа канта од трофеј да ја донесеме на плоштадот во Загреб“, вели Ловрен.

Хрватска со три победи во продолженијата и по пеналите стана првата селекција која без победа во регуларен тек на елиминационите натпревари се избори за мундијалско финале.