Ловрен ја напушти Русија и се врати во поранешниот клуб

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен ги напушти редовите на Зенит од Санкт Петерсбург и се врати во редовите на францускиот прволигаш Лион.

Францускиот стратег Лоран Блан, кој во октомври седна на клупата на Лион, настојуваше да го засили својот тим со „играч со дух, карактер и агресивност“ и негов избор беше токму Ловрен.

33-годишниот Ловрен, откако ги мина лекарските прегледи, денес беше и официјално претставен во клубот. Хрватот го носеше дресот на Лион од 2010 до 2013 година, по што настапуваше за Саутемптон и Ливерпул, а во Русија се пресели во 2020 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.