Ловрен ги плати пцовките кон Шпанците со суспензија од УЕФА

Ловрен

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен поради навредливите коментари испратени на адреса на репрезентативците на Шпанија, по меѓусебниот дуел во Лигата на нациите.

Ловрен беше во јавен клинч со Рамос веќе подолго време, а по мечот во кој „коцкестите“ триумфираа со 3-2, жестоко удри по фудбалерите на „фуријата“. Хрватот на социјалните мрежи во видео кажа сешто, а во еден момент противничките фудбалери ги нарече „пи*ки“.

УЕФА не му го прости испадот, па реши да го санкционира. Ловрен поради навредливиот говор доби суспензија од еден меч, во рамки на сите натпреварувања.

Покрај Ловрен, казна од УЕФА доби и Хрватската фудбалска федерација, во висина од 13.000 евра, поради лоша организација на дуелот со Шпанија.

УЕФА Лига на нации, Лига А, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 1 4 2 1 1 6:5 1 7
2 ШпанијаШпанија 1 4 2 0 2 12:7 5 6
3 ХрватскаХрватска 4 1 1 2 4:10 -6 4