Ловрен: Делиќ промени сè, не гледам како Грците ќе ни дадат три гола во реваншот

Хрватската фудбалска репрезентација со една нога е во Русија, откако синоќа со убедливи 4-1 славеше домашна победа над Грција во квалификацискиот бараж за Мундијалот идната година. 

„Коцкестите“ одиграа фантастичен меч, а според ѕвездата на Ливерпул, Дејан Ловрен главен виновник за тоа е новиот селектор Златко Делиќ, кој во тимот донесе позитивна атмосфера. 

„Делиќ промени сè во селекцијата. Донесе позитивна атмосфера, а морам да ги пофалам и навивачите кои вечерва беа фантастични. На полувреме селекторот ни рече да играме како да е 0-0 и за секоја топка да го даваме максимумот. Мислам дека соодветно возвративме и искрено не гледам како Грција може да ни даде три гола во реваншот“, вели Ловрен. 

Возвратниот меч во Грција е закажан за в недела, а ќе се одигра во Атина.