Ловќен на Канатларовски освои големи три бода против Јединство

Фудбалерите на Ловќен од Цетиње под палката на нашиот Драган Канатларовски се едноставно непобедливи и во денешниот меч од 24. коло на црногорската лига остварија нова победа против тимот на Јединство со 0-1 (0-0).

Ловќен на денешниот натпревар беше фаворит против последнопласираниот тим на табелата, но победата ја оствари со гол постигнат во 81. минута, дело на Марковиќ. По преземањето на клупата на Ловќен од страна на нашиот поранешен селектор, битолчанецот Драган Канатларовски, тимот на Ловќен забележа пет победи, едно реми и еден пораз и веќе има реални шанси за опстанок.

Во наредното коло Ловќен повторно игра на гостински терен, овојпат против тимот на Бокељ, кој заостанува само еден бод зад тимот од Цетиње.