Ловќен на Канатларовски испадна од лигата, драма и одлука на „зелена“ маса за шампионот

Поранешниот македонски селектор Драган Канатларовски не успеа во својата мисија да го спаси Ловќен од испаѓање во црногорскиот шампионат. 

Ловќен шампионатот го заврши на претпоследното место и со поразот од Младост Подгорица со 7-2 официјална ја напушта елитата. 

Будуќност, Младост и Зета и имаат ист број бодови, но штом биде донесена одлуката за прекинатото дерби меѓу Будуќност и Младост. ќе биде познат новиот шампион. 

Ако Будуќност не добие казна заради дивеењето на навивачите, тогаш биде шампион, а во спротивно Младост ќе се радува на титулата.