Лошото време прави проблеми и во Англија: Авионот на Јунајтед не полета за Њукасл

Дуелот од Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и Унион Берлин е одложен поради врнежи од снег, а лошите временски услови им создадоа сериозен проблем на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Имено, како што пренесуваат медиумите на Островот, клубот од „Олд Трафорд“ околу пладне требаше да одлета за Њукасл, каде што вечерва во 21:00 часот го очекува дерби натпревар против „страчките“. .

Авионот не можеше да полета поради лошите услови и технички проблеми, па „црвените ѓаволи“ мораа да се свртат кон алтернативен начин на превоз.

Избраниците на Ерик Тен Хаг мораа да се возат со автобус на пат за Њукасл, а патувањето ќе трае најмалку три часа, а можеби и подолго, бидејќи на автопатот има мраз. Временските услови во Англија се многу лоши, моменталната температура во Манчестер е два степени над нулата, а во Њукасл се очекува да биде уште пониска.