Лошото поведение остава траг, Зенит се откажа од трансферот на Мирлинд Даку

Албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, нема да замине во рускиот Зенит и покрај големиот интерес на рускиот вицешампион. 

Даку сезонава одигра одлично во дресот на Рубин Казањ, забележа 15 голови и шест асистенции, со што го привлече вниманието на руските гиганти, но трансферот нема да се реализира поради неговото однесување во минатото. 

Рускиот фудбалски стратег, Ринат Билјалетдинов, за домашната „Газета“ изјави дека управата на Зенит не сакала да потпише со Даку поради “недоволна дисциплина“. Албанецот имаше проблеми на Европското првенство минатата година, кога на мегафон ги навредуваше Македонците и Србите, по што доби суспензија од два меча, а беше казнет и од својот клуб, Рубин. 

Даку досега во кариерата настапуваше за неколку албански клубови, а беше дел и од словенечката Мура, како и во хрватскиот Осијек. Во Рубин Казан е од 2023 година.