Лошото поведение му донесе на Алегри суспензија од два меча

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, официјално е казнет од италијанската фудбалска федерација и заработи суспензија од два меча поради непристојното поведување по Куп-натпреварот против Аталанта. 

„Старата дама“ го освои трофејот и ги израдува навивачите, но Алегри по мечот имаше жесток вербален дуел со судиите, а потоа го навредуваше и директорот на „Тутоспорт“, кому му се закани и со физичка пресметка. 

Најпрво доби црвен картон поради саркастично аплаудирање кон судиите, а драмата продолжи и по завршувањето на натпреварот и беше очигледно дека тренерот комплетно ги загуби нервите. Во извештајот е наведено дека „Алегри се однесувал агресивно и непристојно, навредувајќи ги судиите и другите официјални лица“. 

За потсетување, Јувентус славеше со 1-0 над Аталанта и успеа да освои барем еден трофеј оваа сезона. Италијанските медиуми деновиве пишуваат дека Алегри е на излезните врати во клубот, иако за тоа сѐ уште нема никаква официјална потврда. 

Состави

Џанпјеро Гасперини

3-4-3

    Тиаго Мота

    3-5-2