„Лошкото“ Касано пред враќање во Серија А

Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, Антонио Касано, од идната сезона најверојатно повторно ќе настапува во Серија А.

Искусниот напаѓач на маса има договор со екипата на Кротоне, која оваа сезона како дебитант во елитата на чудесен начин успеа да се спаси од испаѓање во понизок ранг. 

Последен клуб на 34-годишниот Касано е Сампдорија со која се раздели во јануари. Од тогаш имаше неколку интересни понуди, но на ниту една не одговори позитивно.