• Саше Љолес

Управата на францускиот прволигаш Ремс објави дека ја раскинува соработката со досегашниот тренер, Лука Елснер.
Словенечкиот стратег е отпуштен поради лошата серија резултати, во која Ремс не забележа ниту една победа на девет натпревари и опасно се доближи до опасната зона. Ваква црна серија клубот не забележал во последните 13 години, што беше доволна причина за овој потег.
Во моментов Ремс има 22 бода кои го сместуваат на тринаесеттата позиција, а во следното коло тимот ќе патува на тешко гостување кај Лион.
Елснер беше на клупата од минатото лето, а претходно ги водеше Ле Авр, Стандард Лиеж, Кортријк, Амиен, Сент Жилоа, Пафос, Олимпија Љубљана и Домжале.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.