Лошите резултати ја натераа управата на Ривер Плата да го отпушти Демикелис

Мартин Демикелис официјално повеќе не е тренер на аргентинскиот гигант, Ривер Плата, јави управата на клубот. Екс-фудбалерот на Манчестер Сити, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид добива отказ поради лошите резултати, со само една победа во пет одиграни кола. 

Демикелис го предводеше тимот откако беше заменет Марсело Гаљардо, кој претходно беше тренер на Ривер цели девет години. 

Клубот од Буенос Аирес наскоро ќе го објави новото тренерско име, а медиумите шпекулираат со неколку познати домашни имиња. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.