Лошиот настап на Мбапе на ЕП низ бројки: : 46-24-0!

Шпанската фудбалска репрезентација се пласира во финалето на Европското првенство, откако синоќа во Минхен во полуфиналниот натпревар ја совлада Франција со 2-1. Франција поведе со голот на Коло Муани во деветтата минута, а Шпанија дојде до пресврт и победа со головите на Ламин Јамал во 21. минута и Дани Олмо во 25. минута.

Килиан Мбапе требаше да биде предводник на францускиот тим, но новиот играч на Реал Мадрид не се прослави во Германија. На турнирот забележа пет настапи и постигна само еден гол, надополнет со една асистенција. Мбапе од пенал ја погоди мрежата против Полска, додека против Австрија запиша асистенција.

Ако бидеме искрени ќе кажеме дека играта на целата француска селекција не беше на завидно ниво, а за тоа говори и податокот дека „триколорите“ против Шпанија го постигнаа првиот гол од игра на шампионатот.

Статистиката на Килијан Мбапе е добар доказ колку Франција беше под своето ниво на ова првенство. Брзоногиот фудбалер е прв по бројот на удари кон противничкиот гол (24) и допири со топката во шеснаесетникот (46) на целиот турнир, а тоа не му помогна ниту да погоди од поле. Како ќе биде во Реал Мадрид, покрај Белгингем, Винициус, Родриго наскоро ќе дознаеме. 

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3