Лоши вести за Трајковски: Мора да паузира најмалку три седмици

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, заработил повреда на последниот тренинг со неговиот Хајдук и затоа ќе мора да почека на дебито кај новиот тренер Џенаро Гатузо.

Искусниот Трајковски се пожалил на болка во листот, по што медицинскиот тим решил дека е потребно време за пауза. Фудбалерот ги мина деталните лекарски прегледи и доби лоши вести – мора да мирува најмалку три седмици од полн тренажен процес за да се санира повредата.

Крилниот напаѓач за сплитски Хајдук минатата сезона одигра солидна сезона и запиша скор од седум гола и три асистенции.