Лоши вести за Шкендија: Завршена е есенската полусезона за Ване Крстевски!

Актуелниот шампион на Македонија, тетовска Шкендија, доби лоши вести за крилниот напаѓач Ване Крстевски, кој претрпе фрактура на клучната коска со дислокација - повреда која бара хируршки третман. 

Есенската полусезона за Крстевски е официјално завршена и неговото враќање ќе зависи од напредокот по интервенцијата и фазата на рехабилитација.

Од друга страна, има и позитивни вести за голманот Астрит Амзаи, кој започна со лесни тренинзи по проблемите со болките во грбот. Тој веќе е на теренот и работи под грижа на медицинскиот персонал, но сè уште не тренира со полн интензитет.

За време на утрешниот тренинг ќе се процени неговата конечна состојба, за да се види дали ќе биде подготвен да се натпреварува на натпреварот во четврток против полската Јагјелонија во рамките на Конференциската лига на УЕФА.