• Горан Упале

Најдобриот фудбалер на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен поради повреда на мускулот, пренесува „Л'Екип“.
Мбапе се повреди на натпреварот од 21. коло на францускиот шампионат против Монпелје. Одличниот напаѓач ја напушти средбата во 21. минута, а по денешните детални прегледи беше утврдено дека асот на „светците“ ќе биде надвор од терените најмалку три недели.
<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Мбапе промаши два пенали, па се повреди во дресот на ПСЖ
Мбапе ќе ги пропушти натпреварите против Тулуз и Монако во францускиот шампионат и натпреварот со Олимпик Марсеј во Купот на Франција.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14 февруари во Париз.