• Горан Упале
Фудбалската селекција на Србија со пораз го започна Европското фудбалско првенство, откако Џуд Белингем постигна погодок за минимален триумф на Англија од 1-0. По овој пораз Србија доби уште една лоша вест – Филип Костиќ поради повреда најверојатно го заврши настапот на турнирот.
Костиќ натпреварот против Англија го започна од првата минута, но мораше да го напушти теренот во 43. минута поради повреда на коленото. Напуштањето на теренот беше емотивен момент, бидејќи Костиќ беше видно потресен. Српските медиуми ден по натпреварот објавија дека повредата на Костиќ е сериозна и дека нема да може да се врати на терените на ова Европско првенство.
Србија сега ќе се подготвува за преостанатите натпревари во групата каде ќе ги одмери силите со Данска и Словенија, со надеж дека и покрај отсуството на Костиќ ќе може да напредува.