Лоши вести за Јунајтед: Варан повреден се врати од репрезентативните обврски

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан ќе отсуствува неколку недели, потврди клубот од Олд Трафорд.

Францускиот репрезентативец имаше одлични настапи за „ѓаволите“ во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но од репрезентативната пауза се врати повреден, откако не го заврши финалето во Лигата на нации на „Сан Сиро“ против Шпанија (2-1).

28-годишниот Варан летово пристигна на Островот од Реал Мадрид и во дресот на „црвените ѓаволи“ одигра пет натпревари во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед в сабота ќе го пречека Лестер Сити, во осмото коло од англиското првенство. Екипата на Оле Гунар Солскјер се наоѓа на делба на третата позиција со два бода помалку од лидерот Челзи.