Проблеми за Челзи, германското засилување има ковид-19!

Хаверц

Најскапото летно засилување на Челзи, Каи Хаверц, доби позитивни резултати на коронавирус, соопшти тренерот Френк Лампард.

Германецот поради тоа не настапи против Рен во Лигата на шампионите, а нема да се соочи ниту со Шефилд Јунајтед во Премиер лигата за време на викендот.

За разлика од Хаверц, сите други фудбалери на „сините“ добија негативни резултати на последното тестирање.

Германскиот интернационалец пристигна ова лето од Баер Леверкузен и досега постигнасамо еден погодок во Премиер лигата.