• Горан Упале
Новиот селектор на фудбалската селекција на Македонија, Гоце Седлоски, вечерва доби лоши вести од Белгија! Незаменливиот стопер Висар Муслиу се повреди и се чека на дополнителни лекарски за да се утврди сериозноста на истата.
Имено, на натпреварот меѓу Сент Труден и Вестерло нашиот дефанзивец по еден дуел со противнички ривал се повредил и беше приморан теренот да го напушти по само четири минути игра. Тамошните медиуми пишуваат дека Муслиу се пожалил на болки во препоните.
Муслиу е меѓу најстандардните фудбалери на Сент Труден оваа сезона, беше стартер на последните десет натпревари на тимот, но сега ќе мора одново да паузира. Колку? Ќе се дознае во наредните денови, но се надеваме дека ќе биде спремен за плеј-оф натпреварот на Македонија против Данска во март.

