ВИДЕО: Лош домашен старт за Нагелсман, триумф на Турција во „најтурскиот град“

Фудбалската репрезентација на Германија никако да победи на пријателски натпревар во 2023 година. „Панцерите“ дома ја пречекаа Турција и доживеаја пораз (2-3) во ефикасен натпревар.

  • Извештај од натпреварот:

Мечот се одигра во Берлин, град кој се смета за место со најмногу Турци во Германија (над 100.000 турски жители). Фаворитот на хартија потфрли и така новиот селектор Јулијан Нагелсман имаше лош првенец пред германската публика.

Мечот го отвори Хаверц уште во 5. минута, но пред крајот на првиот дел, во 38. и 45. минута, Кадиоглу и Јилдиз направија пресврт (1-2). На стартот на второто полувреме Фулкриг израмни на 2-2, меѓутоа Сари од пенал во 71. минута ги постави конечните 2-3.

Германците сега на 21 ноември ги чека контролен тест со Австрија на гостински терен.