• Иван Димовски

Лос Анџелес Галакси по точно една деценија повторно е првак во МЛС лигата, откако во финалето на плеј-офот го совлада тимот на Њујорк Ред Булс (2-1). Средбата на „Дигнити Хелт спортс парк“ во Карсон понуди три погодоци во првиот половина час, а потоа мрежите мируваа и на крајот тимот од Калифорнија го крена пехарот.
Резултатот го отвори Јозеф Пентсил по девет минути игра. Само четири подоцна предноста ја удвои српскиот напаѓач Дејан Јовелиќ (2-0). За гостите стрелец беше Син Нелис, кој во 28. минута погоди за 2-1, резултат кој се испостави како конечен.
Галакси до крајот го одбрани стекнатото водство и по шести пат во историјата се радува на титулата во САД.
- Извештај од натпреварот:
Во плеј-офот Лос Анџелес Галакси ги исфрли Колорадо Рапидс, Минесота и Сиетл Саундерс на патот до финалето.